Жилберт Барнс не верува дека Конор Мек Грегор би можел да се справи во полусредна категорија: Би го уништиле

Дали Конор Мек Грегор ќе се врати на борбите? На тоа прашање засега тешко можеме да одговориме, бидејќи факт е дека големата ѕвезда на УФЦ ја интересираат уште некои работи.

Озлогласениот ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер пред една година, ја санираше повредата и се врати на тренинзите, но за многумина се уште е далеку од враќање во октагонот.

Конор на социјалните мрежи често објавува фотографии и видеа од подготовките и најавува дека сака да биде целосно подготвен кога повторно ќе започне со акција, без разлика во која категорија.

Извесен период се зборуваше дека ќе се бори во полусредна категорија.

Поранешниот предизвикувач Жилберт Барнс смета дека тоа не би бил добар избор за Мек Грегор.

„Конор не е велтераш. Но, ако сака да се бори во полусредна категорија, тогаш со задоволство би го победил. Не би можел да се справи со тие удари. И да не зборуваме за граплинг, бидејќи тоа не е фер. Би го соборил на партер и целосно ќе го искршам. Би го уништил и би заработил добри пари“, рече Жилберт Барнс и доде:

„Не барам борба против Мек Грегор, бидејќи тоа не би било фер. Тој е класичен борец во лесна категорија, а во полусредна категорија не би можел да ги поднесе ударите или да се бори со нас. Сите удираат силно, освен Ковингтон, но тој е одличен борач. Усман удира силно и има одлично борење, а Чимаев и Едвардс се такви. Тие би го уништиле“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО