Полиција уби бразилски ММА борец на улица (Вознемирувачко ВИДЕО)

229

Бразилската полиција на улица го уби ММА борецот Хозе Карлос Коимбра (49). Полицијата пукаше во него откако тој немоќен трчаше на улица, напаѓајќи и тепајќи минувачи.

Тој најпрво ги стави рацете на главата и се предаде на полицијата. Сепак, мирот кратко траеше. Коимбра повторно дивеел во полицискиот автомобил. Успеал да се ослободи, излегол надвор и почнал да скока на покривот од автомобилот. Полицијата неколку пати го предупредувала борецот. Бидејќи не можеле да му се доближат, била донесена одлука да пука во него.

Целата ситуација ја снимиле случајни минувачи, а според информациите од Бразил, овој ММА борец имал психотичен напад.