Жетва на медали за таеквондистите на МТТФ на „Бугарија опен“ и „Корча опен“

Македонска традиционална таеквон-до федерација изминатиов викенд учествуваше на два меѓународни натпревари „Бугарија опен 2023“ во Пловдив и „Корча опен 2023“ во Албанија.

На „Бугарија опен 2023″ во Пловдив освоени се 3 медали – 1 сребрен и 2 бронзени, додека на „Корча опен“ се закитија со 42 – 18 златни,11сребрени  и 13 бронзени, како и 6 пехари, 5 за најдобри поединци и еден за најдобар клуб, второ место за ТК ‘Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид.

Освојувачи на медали на Бугарија опен се:

-Давид Крстески – сребро, форми за црн појас први дан, јуниори 16-17 години
-Елена Јанеска – бронза, борби, јуниорки 16-17 години -70 кг
-Теодора Тодороска – бронза, борби, јуниорки 14-15 години -65 кг

На овој турнир настапија Хва ранг ИТФ (4) и Сонкал (1) во конкуренција на над 700 натпреварувачи од 12 земји од Европа.

„Покрај огромната конкуренција и големата пристрасност освоени се 3 медали – 1 сребрен и 2 бронзени. За жал, сите наши натпреварувачи беа оштетени од судиите. Елена Јанеска беше запрена во полуфиналето од судиите до првото место, со кое бевме сигурни дека ќе го освои, додека Давид Крстески уште во првата борба беше поразен од страна на судиите, а Теодора Тодороска, како дебитант  успеа да се закити со медал, кој за неа е огромен успех“, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.

На Корча опен, под водство на националниот селектор Саша Поповски настапија 27 натпреварувачи од  клубовите: Хва ранг ИТФ, Мастер, Чон Џи, Ахилиус и Сонкал.

„Освоени се вкупно 18 златни,11сребрени  и 13 бронзени и 6 пехари од кој 5 за најдобри поединци, и пехар за најдобар клуб второ место за Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ. Како национален тренер се чувствувам презадоволно од нашите клубови кои се покажаа во најдобро светло натпреварувајќи во две дисциплини форми и борби. Доминираа на борилиштата, иако некои од нив беа дебитанти, покажаа одлична храброст и пожртвуваност, а посебно за пофалба се членовите од Сонкал, кои се релативно млади. Ова беше еден од најуспешните натпревари каде мразот го скршија неколку почетници, а некои се закитија и со медали“, изјави Саша Поповски.

Освојувачи на пехари на  „Корча опен“ се:

-Климент Богоески – Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид
-Теодора Митреска – Мастер – Охрид
-Софија Колушоска – Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид
-Давид Ристески – Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид
-Анастасија Трифуноска – Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО