Жестоки борби на Илиоски и Мурат на ЕП во маи таи, нијанси одлучуваа

Денеска на Европското маи таи првенство Македонија-Белорусија 0-2.

За жал, на нашите натпреварувачи, во жестоки борби изгубија минимално, посебно Бобан Илиоски кој загуби со еден поен разлика. И Еркан Мурат се бореше жестото се до ударот во телото, по кој судијата ја прекина борбата.

Така, Македонија ќе смета на медалот само Миа Тодорова, која чека противничка во финалето.

„Боби двапати го здрма противникот, но го остави не го докрајчи. Тенка беше борбата со поени, но пресудно за Илисоки што ја изгуби борбата беше тоа што прифати клинч борба, наметната од противникот. На него му лежи борба од дистанца, бидејќи при влезовите е силен и брз.
Но маи таи е повеќе клинч борба.


Еркан имаше повисок противник, но одлицно се носеше во борбата. Задаваше чисти и брзи удари и одлично се покажа во клинчовите, бидејки во маи таи тоа му е специјалност и има повеѓе профи борби во маи таи. Во трета рунда доби удар во слабинскиот дел по ребро и борбата ја изгуби со прекин.
И двајцата се бореа во елит класата, 3 рунди по 3 минути, а борбата беше без заштитни елеци“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати
-81 кг Бобан Илиоски – Павел Миско (Белорусија) 28-29
-75 Еркан Мурат – Павел Хришанович (Белорусија) 18-20
63,5 кг (У-23) Миа Тодорова чека победник за во финале помеѓу Турција и Русија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО