Стипе Миочиќ положи заклетва како пожарникар

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Стипе Миочиќ, сега е полноправен член на противпожарната служба Вестлејк, Охајо.

39-годишниот Американец со хрватски корени положи заклетва на почетокот на неделава, откако успешно помина низа тестови и вежби.

Пожарникарството не е ништо ново за Стипе, кој долги години ја комбинираше својата ММА кариера со пожарникар. Поранешниот шампион, за кој се шпекулира дека ќе може да се врати во октагонот против Џон Џонс, повеќе од еднаш ја истакна гордоста што може да и служи на својата заедница и да работи во една од најважните и најтешките професии познати на човештвото.

Миочиќ работел за четири различни противпожарни служби во неговата родна држава Охајо.

По положувањето на заклетвата, Миочиќ на новинарите им зијави дека има намера целосно да се посвети на благородната професија по завршувањето на кариерата во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО