Хабиб може да влезе во таборот на Роналдо

Хабиб е толку запознаен со кариерата на својот добар пријател, Кристијано Роналдо, што лесно може да се приклучи на неговиот менаџерски тим. Хабиб е препознатлива личност, со позиција и врски во светот, а ни фудбалот не му е толку туѓ како што изгледа. Ѕвездата на ММА има своја фудбалска академија во ОАЕ и често учествува на фудбалски турнири.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и мегаѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо се блиски пријатели. Дагестанецот често се забележува на натпреварите на Португалецот, бидејќи досега настапуваше за Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Нурмагомедов не ги крие симпатиите кон англискиот клуб, откривајќи дека сака Роналдо да ја продолжи кариерата во тимот на Манчестер.

„Тој има 37 години, ова не е најдобрата возраст за фудбалот, но со својата игра, енергија и искуство го движи тимот напред. Манчестер Јунајтед има добар и силен тим, а местото на Роналдо е таму“, изјави Хабиб

Хабиб не крие дека Роналдо се консултирал со него за неговите минати трансфери – во Јувентус и Манчестер Јунајтед.

„Често разговарам со Роналдо. Се сеќавам дека ми кажа за тоа неколку месеци пред да замине од Реал Мадрид, истото беше и со Јувентус, но сето ова не го кажувам на печатот, не сум новинар. Ние сме пријатели и ги споделуваме нашите планови. Сакам да остане така, да бидам искрен“, изјави Нурмагомедов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО