Железниот Мајк повторно удира во вреќата како некогаш. Контроверзниот и славен боксер, Мајк Тајсон, којсе смета за еден од најдобрите на сите времиња, е во солидна форма во својата 50 година од својот живот.
Пред десетина години ја имаше последната професионална борба во боксот, тој покажува дека и во петтата деценија од животот, знае да покаже мускули, па иако е тоа само обична реклама, но можеби и не, бидејќи пред извесно време изјави дека размислува да се врати во боксот и да ги испотепа Тајсон Фјури и Владимир Кличко.
Во кариерата Тајсон имаше 58 борби- 50 победи, од кои 44 се со нокаут. Тој беше најмлад „тешкаш“ со титулите WBC, WBA и IBF, имаше 20 години, четири месеци и 22 дена.