Кикбоксерите го запоседнаа светскиот трон во 2015 година

Ненад Манојловски и Димитар Георгиев
Ненад Манојловски и Димитар Георгиев

Македонскиот кик бокс годинава што изминува ќе ја памети по двете светски титули на Ненад Манојловски и Димитар Ѓоргиев и бронзениот медал на Стефани Тодорова.

Nenad Manojlovski so p[ehar

На Севтскиот шапионат во Белград Ненад Манојловски во категоријата до 69 килограми во кик-лајт, прво славешеее против Турчинот Искендер Челеби во динамична борба, со многу удари, контраудари, но извонредниот финиш придонесе судиите да му ја доделат победата на македонскиот кик-боксер.

Dimitar na piedestal na SP BG

Веднаш по него и двократниот светски првак, до тогаш, неготинецот Димитар Ѓоргиев беше подобар од Полјакот Јержи Вроски, во категоријата до 74 кг (кик-лајт). Мечот прилично доцнеше, и иако двајцата тактизираа, сепак победата му припадна на нашиот репрезентативец, со што е меѓу ретките што освоиле три светски титули едно по друго.

За успехот да биде уште поголем се погрижи Стефани Тодорова, која освои бронзен медал во дисциплината кик-лајт (до 60 кг).

Од друга страна, Ненад Манојловски беше прогласен за спортист на татамито. Тоа значи најдобар, најфер, најдобар техничар, спортист со големо срце.

Marija Bozinoska ep san sebastijan 2015

Исто така и младите кикбоксери навестија дека имаме иднина во овој спорт. Марија Божиноска освои сребен медал на Европското првенство за јуниори и кадети во Сан Себастијан, Шпанија. Таа во финалето (-70 кг -кик лајт) беше поразена од Италијанката Марта Филипи со 2-1.

„Нијанси одлучија! Марија мораше да се задоволи со сребрениот медал“, коментираа тогаш од нашата репрезентација.

Boban Ilioski na EP 2015 san

Бобан Илиоски (-71 кг – лоу кик), кој е голема надеж на македонскиот кик бокс се заќити со сребрениот медал на Европскиот шампионат. Тој во финалето беше поразен од Русинот Тимур Азизов со 2-1.

Хадис Рамадани (- 67 кг – лоу кик ) го освои бронзениот медал, откако во борбата за финалето загуби од актуелниот светски првак Данило Ракиќ од Србија.

hadis ramdani na BP vo nis

На Балканското првенство за јуниори и сениори во Ниш, Србија, Димитар Георгиев (-79 кг) и Ненад Манојловски (-69 кг) – кик лајт освоија златни медали, Милан Кубин (-89 кг) – кик лајт, Енвер Реџеповски (-75  кг) – лоу кик и Марија Божиновска (+70 кг) – кик лајт – сребрени и Хадис Рамадани (-67 кг) – лоу кик-бронзен медал.

Milan Kubin osvojuvac na Best fajter rimini

Милан Кубин го освои Бест фајт Светскиот куп во кик бокс во Римини, Италија, (-89 кг, кик лајт). Тој е вториот Македонец што успеал да го освои овој престижен Куп, по Дарко Чатлески од Прилеп.

Димитар Георгиев (-79 кг) и Кристина Стојчевска (-57 кг) ги освоија бронзените медали.

miki i dragan

Мики Ивановски беше прогласен за најдобар кикбоксер на Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ што се одржа во Виница.

Носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски го совлада Огуз Шеќер од Турција во К1 до 81.

kik-bokseri1-os SP vo ASM 2015

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО