Жарко Костовски: Во спортот функционираат законитости во тренажниот процес, па така и во каратето!

Помина скоро цела недела од завршувањето на Истамбул опен.На овој турнир од Премиер лигата македонското карате се претстави со 31 каратист, дел од нив испратени од своите матични клубови, да се надградуваат и да бркаат пласман меѓу 50-те каратисти од целиот свет, и другиот дел испратени и финансирани од Карате федерацијата на Македонија, репрезентативците на македонското карате.

Како и што бива во секоја работа така и во карате спортот, со завршувањето на секој турнир, посебно од вакво значење, би требало да се сумираат резултатите и да се анлизира претходно стореното со постигнатиот резултат како финален ефект.

На ваква и слична анлиза не успеав да наидам и да ја прочитам од страна на релевантните институции на КФМ (можеби имало но јас не сум успеал да ја прочитам), па затоа ќе си дадам за право на еден краток осврт.

Постигнатиот резултат е веќе познат на нашата поширока јавност, и не ми е поентата да ги коментирам настапите на спортистите кој колку кола поминал, туку предмет на интересирање за КФМ би требало да биде ФИТбекот од она што претходно беше сторено, за сега да се гордееме со постигнатиот резултат.

По Лајпциг, каде го добивме првиот жолт картон, дојде и Истанбул, и го добивме и вториот. Дали се ова резултатите како последица на организираните „стручни базични“ подготовки на репрезентативците на Македонија од страна на КФМ?

Сакале или не, секако морам да се навратам на случувањата од јули 2017. Во секоја работа, па и во спортот (кога се зборува за стручни и организирани форми), пред да се отпочне со некоја посериозна активност се изготвува проект кој во себе содржи повеќе сегменти од круцијално значење за успешна реализација на истиот. Пред се тој неможе да се донесе атхок, туку да се изелаборира неговиот временски почеток и крај. Второ, мора да се има јасна претстава кој се чинителите или актерите на проектот, или ако сакаме „материјалот“ со кој се располага и кој ќе го спроведува проектот. И кога веќе зборуваме за актерите се наметнува едно прашање: Како е можно да располагате со актерите (спортистите) а да не ја знаете нивната моментална состојба?

Спортот во себе содржи повеќе функции меѓу кои ќе ја споменам во оваа ситуација „Здравствената функција на спортот“. Значи, базични подготовки со претставени модели на тренинг и нивоа на оптоварувања (за тоа повеќе во друга прилика), без претходен увид на моменталната состојба од функционален аспект, моторички и специфично моторички аспект??? Или да направам една паралела, оди пациент кај лекар и овој веднаш му препишува рецепти со шема на користење на истите и му вели дојди по еден месец на контрола.

И сега да се вратам на проектот.

Како што веќе реков секој проект има почеток и крај. Меѓутоа, има и контрола на нештата, односно контрола на насоката во која се движи самиот проект, дали треба одредени промени ако не се движи во вистинската насока. Е па сега прашувам, врз основа на кои податоци предлагачот, воедно и изведувач на проектот, ќе ја направи контролата?

Ако овие изминати два турнира се контрола на досега сработеното, значи „одлично“ сработено. Велам одлично „сработено“, затоа што не слушнав за некаква анализа на досега сработеното, ниту пак одредени насоки за корекции.

Во годината која според мене е најбитна пред Токио 2020, место да се екипираат сите расположиви ресурси во карате спортот, се прават некакви комбинаторики, за мене сосема несватливи, од аспект на квалитет во каратето.

Зошто велам најбитна? Ова е година во која сите каратисти се борат за пласман меѓу 50-те на ранг листа, што им дава за право да се изборат за пласман за ОИ 2020. Година во која каратистите од целиот свет ја бараат шансата за престиж во својот национален тим и евентуално да биде првиот учесник од карате спортот на ОИ во Токио. Тоа се аргументи кои ги мотивираат и екипираат националните тимови низ целиот свет, а не аргументи за разидување и комбинирање.

Не сакам да бидам разбран дека сум критизерски настроен, но морам да кажам дека во спортот функционираат законитости, односно законитости во тренажниот процес. Имам уште доста да пишувам но засега толку со предлог, не импровизирајте, соберете ги сите кои имаат што да кажат и со што можат да помогнат на спортистите да постигнат уште поголеми спортски резултати. Тргнете ги од Вас предрасудите, кои очигледно Ви се присутни и соработувајте, не ги оштетувајте спортистите. Карате спортот во Македонија од осамостојувањето (па и претходно) поминуваше низ многу етапи. Многу спортисти и спортски работноци дадоа и даваат придонес за нивото на каратето во Македонија и со право реагираат на многу случувања.

-продолжува-

Пишува
Проф. д-р Жарко Костовски
Редовен професор на Факултет
за физичко образование, спорт и здравје

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО