Жарко Арсовски беше на чекор до борба за брoнза, Ангела Мојсовска стигна до репасажот на Премиер лигата во Париз

За разлика од вчерашниот ден нашите каратисти денеска покажаа повеќе, па така Ангела Мојсовска и Жарко Арсовски се бореа во репасажот, а на Жарко му фалеше уште една победа за да се бори за бронзениот медал на првиот турнир од Карате 1 Премиер лигата во Париз, Франција.

Арсовски извојува две победи, а во третото коло налета на Гогита Арканија од Грузија и загуби минимално 0-1 и поради тоа што неговиот противник се пласира во финалето нашиот каратист се здоби со шанса во репасажот да се бори за бронзениот медал. Првата борба ја доби, а во втората која му обезбедуваше меч за медал загуби минимално 1-2 од Египјанецот Тарек Махмуд Тара. На крајот нашиот каратист го освои седмото место на многу силната Премиер лига.

И младата Ангела Мојсовска извојува две победи,но во третата потклекна пред Кајо Сомеја од Јапонија со 0-5, а во репасажот е поразена Викторија Исаева (Русија) 1-8. Мојсовска во конечниот пласман е девета.

И Виктор Крстевски забележа две победи, останатите по една.

Резултати

 -61 кг
Наташа Стефановска – Ерика Сантос (Бразил) 5-3
Наташа Стефановска – Шима Алесади (Иран) 0-2

Вероника Костовска – Нина Раџеновиќ (Швајцарија) 1-1
Вероника Костовска – Тјаса Ристиќ (Словенија) 0-2

-68 кг
Ангела Мојсовска – Василики Пантециду (Грција) 8-5
Ангела Мојсовска Маделајне Шроетер (Германија) 7-0
Ангела Мојсовска – Кајо Сомеја (Јапонија) 0-5
Репасаж
Ангела Мојсовска – Викторија Исаева (Русија) 1-8

Моника Стефановска– Јохана Кнер (Германија) 0-6

-84 кг
Берат Јакупи – Меди Сесина (Франција) 4-2
Берат Јакупи – Иван Квесиќ (Хрватска) 1-2

Виктор Крстевски – Каикуе Родригез (Бразил) 1-0
Виктор Крстевски – Мохамед Ел Котби (Египет) 8-0
Виктор Крстевски – Рикито Шимада (Јапонија) 0-3

Петар Спасеновски – Игор Чихмарев (Казахстан) 0-1

+84 кг
Жарко Арсовски – Алмир Цецуњанин (Црна Гора) 2-0
Жарко Арсовски – Димаш Укматов (Казахстан) 3-2
Жарко Арсовски – Гогита Арканија (Грузија) 0-1 
Репасаж
Жарко Арсовски – Агустин Перез (Аргентина) 1-1
Жарко Арсовски – Тарек Махмуд Тара (Египет) 1-2

На Премиер лигата настапуваат најдобрите свестки каратисти од ВКФ ранг листата,  односно првите 50, а останатите 14 се дополнуваат од првите 100-мина на листата. Настапите се значајни за собирање на бодови за олимписка норма за Олимпсиките игри во Токио 2020 година, кога овој спорт ќе дебитира во олимпијадите.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО