Застрелан поранешниот светски првак Чарлс Мартин

charles martin nokautira stephanie trapp

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Чарлс Мартин, во почетокот на оваа недела се здоби со прострелна рана на подлактицата и се наоѓа во болница.

Сопатникот во автомобилот на Мартин на полицијата во Лос Анџелес и рече дека во вторникот околу 5 часот наутро, двајца мажи му се приближиле на возилото и почнале да се расправаат со боксерот.

Според полицискиот извештај, мажите отвориле оган, но промашиле и побегнале.

Мартин влегол во колата и тргна во потрага, но се удрил во бандера. Полицијата вели дека осомничените се вратиле и повторно пукале, тогаш дошло и до ранувањето.

Полицајците пристигнале на местото на настанот и го префрлиле Мартин во болница.

Во изјавата за ТМЗ, поранешниот светски шампион рече дека полицијците му го спасиле животот, бидејќи изгубил многу крв кога пристигнале. Тој вели дека не ги познава осомничените и дека не знае зошто имале проблем со него.

Голема е разлика во верзијата на настаните на Мартин, бидејќи тој се обидувал да избега од напаѓачите, а не кренал по нив.

Поранешниот шампион во ИБФ рече оти е загрижен да не се вратат напаѓачите и да ја завршат работата.

Полицијата се уште нема осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON