Рио 2016-Игор Паскоски: Николоска ќе има рамноправна и неизвесна борба!

Katerina i igor vo MOK 2016

Џудистката Катерина Николоска (-63 кг) вчера на жребувањето ја доби противничката за првото коло на џудо турнирот на Олимписките игри во Рио, а тоа е Турчинката Бусра Капитоглу. Ако ја помине Турчинката во второто коло ја чека фаворитката за медал Кларис Агбегнену.

zrebot nanikoloska na OI 2016

За жребот, кој е исклучително тежок, нејзиниот тренер Игор Паскоски вели:

„Со претставничката на Турција не се борела до сега. Станува збор за докажан џудист, освојувач на бронзен медал од Гранд при во Ташкент 2015, сребро во Љингдао и бронза на Гранд слем во Баку 2016.

Катерина е во врвна форма и сметам дека ќе биде рамноправна и неизвесна борба! Доколку успее да го помине првиот круг, веќе во вториот ќе се сретне се носителката на еден златен и два стебрени медали од Светските првенства во изминативе 3 години, французинката Кларис Агбегнену“.

Тактиката Паскокси ќе ја дефинира во наредните два дена.

„Имаме околу 40 борби на видео материјал од противничката и ќе направиме детална анализа по што ќе може да се дефинира тактиката“, истакнува Паскокси.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО