Застрелан канидат за светската титула во САД!

zasrtrelan bokser

Поранешниот кандидат за титулата привремен светски шампион во полутешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), американскиот боксер, Крис Хенри, бил застрелан во Хјустон (САД), објави Boxingscene. За мотивите за кривичното дело и за можните осомничени за убиството на 34 годишниот Американец, засега ништо не е познато.

 Во 2008 година Крис Хенри загуби меч за титулата на ВБЦ од Романецот Адријан Дјакон. Тоа беше неговиот прв пораз на професионалниот ринг. Во 2012 година Крис Хенри ја прекина кариерата на професионален боксер со скор од 26 победи, од кои 21 со нокаут, и 2 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО