Загина боксерската легенда Грацијано Рокиџијани – Роки

Германската боксерска легенда Грацијано Рокиџијани – Роки (54 г.) загина во сообраќајна несреќа во Италија, одејќи пешки во него удрил автомобил, наведуваат италијанските медиуми.

Поранешниот светски шампион, кој имаше прекар Роки, бил во Италија да ја посети својата девојка со која има две деца. Според италијанските медиуми, тој одел пешки кога бил удрен од автомобил.

Рокиџијани освојуваше повеќе титули во својата кариера, која траеше речиси 20 години.

Тој беше ИБФ шампион во супер-средна категорија од 1988 до 1989 година, а во 1998 година ја освои ВБЦ титулата во лесна-велтер категорија. Роки ја заврши кариерата со 41 победа во 48 меча, 1 реми и 6 порази кои ги доживеа во последните девет меча во кариерата.

Промоторот Кале Зауерланд остна без зборови.

„Беше нашиот прв светски првак. Така речено израснав со него. Беше диво момче со големо срце“.

Рокиџијани е роден во Германија 1963 година. Татко му е Италијанец кој работел како металски работник.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО