Кличко и Луис по 15 години повторно ги делеа светлата на сцената (ВИДЕО)

Петнаесет години по битката за титулата светски шампион во тешка категорија Ленокс Луис и Витали Кличко ги поделија светлата на сцената на конвенцијата на ВБЦ во Киев.

Ги навлекоа ракавиците и поминаа низ нивната незаборавна средба.

Постариот Кличко е градоначалник на главниот град на Украина во кој Светскиот боксерски совет ја одржува својата годишна конвенција.

Натпреварот помеѓу Луис и Кличк е одржан во Лос Анџелес во јуни 2003 година е еден од боксерските класики.

Луис првобитно требаше да се бори против Кирк Џонсон, но откако тој се повредил, Британцот ја прифаќа промената на противникот 16 дена пред мечот.

Кличко беше подобар во борбата, но Луис му отвори огромна исеченица над левото око и средбата мораше да биде прекината.

„Никогаш не прифаќајте нов противник 16 дена пред борбата“, прокоментира Луис за време на нивната повторна средба.

Луис некое време размислувал за реванш, но на крајот донел ретка одлука, да пензионира додека се уште е на врвот.

Изјави дека можеби повторно ќе се одлучил на реванш ако Витали изговорил некои непријатни работи и го навредувал неговото семејство, но Украинецот бил преголем џентламен.

Кличко изјави дека Луис таа ноќ не можел да го собори и нокаутира ниту со бејзбол палка, и додаде дека Луис знае колку среќа имал таа вечер.

„Не можеше да завршиш со едно око, сепак ти требаа две. Сепак, тоа беше мојата најтешка борба“, одговори Британецот.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО