Заеднички тренинг на шест џудо клубови во Прилеп

Во изминатите два дена во Прилеп се одржаа заеднички подготвителни тренинзи на шест клуба од Македонија и тоа: Сеишин, Бушидо и Пролетер од Прилеп, Ипон од Скопје, Кожувчанка од Кавадарци и Гемиџии од Велес.

Целта е, како што велат од овие клубови, подготовки за претојните турнири и натпревари, размена на искуства и заедничко дружење на натпреварувачите. На овие тренинг припреми учество зедоа околу 70 натпреварувачи пионери и кадети.

Договорено е да продолжат ваквите средби со подготовки, а треба да се приклучат уште 3 клубова, со тоа што секој ќе треба да биде домаќин.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО