Оливер Станков: Ни треба поголема сериозност во работата

Откако вчера потпретседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Благој Донев изјави дека некои клубови ја бојкотираат Првата и Младинската лига, денеска со став за состојбите во македонскиот бокс излезе уште еден член на Управниот одбор на БФМ – Оливер Станков.

Тој истакнува дека е член УО на БФМ, но и претседател на тренерската организација на Федерацијата. Станков излегува со свое гледиште на првите две кола од Првата и Младинската лига.

„Првото коло се одржа во Битола, каде што имаше околу 3.000 посетители, при што се одржаа неколку уводни и околу 10итина официјални борби, со многу мали пропусти се помина во најдобар ред. Второто коло се одржа во Штип, со 7-8, неофицијални, уводни борби, 3-4 официјални уводни и 8 официјални дуели.

Во овој момент македонската репрезентација учествува на Европското првенство за помлади сениори (У-22) во Романија со тројца боксери: Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасим Лама. Да им посакаме што е можно подобро да се претстават (иако знам дека од првата секунда кога ќе влезат во рингот до последниот атом на нивната сила ќе се борат храбро).

Во последните две години македонскиот бокс почнува добро да се организира, со тоа што БФМ има организиран превоз за сите клубови што сакаат да учествуваат во Првата и Младинската лига. По официјалното мерење, истите добиваат ручек и секој боксер што ќе настапи во рингот добива скромна финансиска награда. Јуниорската репрезентација на Македонија веќе почнува да се составува и првиот настап ќе го има на Трофеј – Подгорица на крајот на овој месец. По тој настап јуниорската репрезентација на Македонија ќе учествува на боксерски турнир „Емил Жечев“ во Софија, Бугарија. Се поставува прашање дали Македонскиот бокс може да се приклучи во боксерската елита на Европа. Јас лично гледам дека македонскиот бокс има можности да се приклучи во елитата на европскиот бокс само со малку поголема организација и поддршка од државните институции. Во секоја работа може да се згреши и да се научат грешките. Ако погледнеме што се случува со боксот во соседните држави, не сме многу далеку од нив, но треба нашите клубови да пристапат кон поголема сериозност за работа, а БФМ сигурно ќе ги поддржи. Само еден пример ќе кажам, еден член на Управниот одбор за да направи поголеми контакти со една од поголемите федерации од соседството, несебично се качува во автобус и патува 1500 км, ја прави логистиката за нашите три момчиња денеска да учествуваат на Европското првенство за сениори. Втор пример, една екипа учествува во Регионалната лига, без никаква финансиска помош. Учествува во силна конкуренција и го претставува боксот на Македонија. Уште еден пример, кога еден наш член  заминува во соседна држава да настапува и да ја совлада боксерската вештина што е можно подобро, за да може во иднина да го претставува нашиот бокс.

Точно е дека има простор за многу критики, но по долги 10 години, македонскиот бокс учествува на едно Европско првенство. Најмногу сакаме да се заблагодариме на електронскиот спортски портал Ипон.мк кој несебично и во секоја минута известува за боксот во нашата земја“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО