Задушен борец дојде при свест и го нокаутира противникот (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација доаѓа од руската ММА промоција АЦБ, каде што борец по име Нашко Галаев изгуби свест по давење, се освести и на карајот го нокаутира противникот.

Веројатно се прашувате како е можно тоа, но се се гледа на видеото. Во текот на борењето во првата рунда, Денис Муцнек многу цврсто го фати во гилотина Галаев. Судијата беше веднаш до нив и на Галаев во еден момент рацете му клапнаа. Судијата го фати за раката за да провери дали борецот е онсвестен, а тој во тој момент „живна“ продолжи да се бори.

Галаев до крајот на борбата направи целосен пресврт и ја презеде контролата на пресметката и го нокаутира својот противник во втората рунда. И тоа буквално откако беше поразен, што ќе случеше и правно ако судијата реагираше само половина секунда порано. Така, Галаев дојде до една од најбизарните победи оваа година. Но, сè е по правилата.

https://youtu.be/yoXZokPpS1M

https://twitter.com/Jolassanda/status/887766606893518848

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО