Ван Росмален во Амстердам ја брани титулата на Глори

Робин ван Росмален првата одбрана на титулата на Глори во перолесна категорија ќе ја има во своето второ властодрштво во Амстердам.

Покерфејс на 30 септември на Глори 45 ќе се сретне со поранешниот шампион Сергеј Адамчук.

Поранешниот шампион во полусредна категорија Ники Холцкен повторно ќе се бори со Швајцарецот Јоан Конголо. На Глори 29 во Копенхаген Натурал славеше со одлука на судиите.

Ќе се одржи и турнирот на предизвикувачите во полутешка категорија. Во првото полуфинале 19-годишниот Мароканец Имад Хадар се бори со Американецот Мани Манча, додека Мајкл Дут се уште го чека противникот во второто полуфинале.

Многу интересен дуел ќе се одржи во средна категорија. Поранешниот шампион Џејсон Вилнис се бори со победникот на турнирот на предизвикувачите Јусри Белагруи.

Добра борба се очекува и во категоријата до 65 килограми помеѓу Захарија Зугари и Масар Глундер. Зугари во дебито за Глори во мај го победи многу искусниот Јеткин Озкул, додека Глундер во дебитанскиот настап дојде до финалето на турнирот во лесна категорија.

Глори 45:
Робин ван Росмален – Сергеј Адамчук
Ники Холцкен – Јоан Конголо
Полуфинале на турнирот во полутешка категорија:
Имад Хадар – Мани Манча
Мајкл Дут – TБA

Глори 45 Суперфајт серија:
Џејсон Вилнис – Јусри Белагруи
Закарија Зугари – Масаро Глундер
Тијани Бецати – Јодакхунпон Ситмончаи
Ејеван Даненберг – Велингтон Уега

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО