АктуелноДомашна сценаКарате

Задоволство во Макпетрол: Репрезентативците од клубот освоија четери медали на Балканското првенство

Од КК Макпетрол се задоволни, бидејќи во составот на репрезентацијата на ова елитно регионално првенство настапија вкупно шест спортисти од клубот кои ги освоија медалите за Македонија.

На Балканскиот шампионат за сениори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, македонските каратисти освоија три бронзени медали, Jована Мицовска и Викторија Јовановска во поединечна конкуренција во борби во категоријата до 61 килограм, притоа тие беда дел и од женскиот кумите тим кој исто така го заврши натпреврувањето со бронза.

Од КК Макпетрол се задоволни, бидејќи во составот на репрезентацијата на ова елитно регионално првенство настапија вкупно шест спортисти од клубот кои ги освоија медалите за Македонија.

Истите спортистки за тимот на Македонија во дисциплината екипно борби освоија бронзени медали, така да тие се закитија со по два медали од ова Балканско првенство. Сениорскиот женскиот кумите тим настапи во состав: Викторија Јовановски, Јована Мицовска, Рудина Алиу и Наталија Карова.

Блиску до медал беа и Данило Божовиќ (-84кг, 5.место) и Петар Заборски (-75кг, 7.место), кои за жал загубија во репасажните борби

На Блаканското првенство настапија 313 каратисти со 343 натпреварувачки влезови од 11 држави.

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, кој беше и натпреварувач по завршувањето на Балканското првенство не го криеше задоволството од направениот успех, за кој кажа дека можеше да биде и далеку повисок.

„Сите наши каратисти прикажаа модерно карате и имаа максимална борбеност и желба за успех. Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество земаа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Сакам да истакнам дека ние како клуб имаме многу поголем потенцијал и можности за поголеми резутати“, вели Заборски и додаде:

„Во поединечните настапи вториот ден од првенството Јована Мицовска го освои првиот бронзен медал за Македонија во дисциплина борби (-61кг). Потоа медали освои и нашата спортистка Викторија Јовановска во истата тежинска категорија. Минатата година на сениорско Балканско првенство кое се одржа во Будва , двете спортистки на Макпетрол тогаш беа во финалето. Сега една година покасно двете спортистки иако имаа извонреден настап загубија во четвртата борба или полуфинале, да веднаш потоа да извојуваат победи и ги освојат бронзените медали. Многу малку требаше да имаме повторно Македонско финале и на ова Балканско првенство“.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON