АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Катерина Ацевска е втора на светската ранг-листа во џиу џицу

Катерина Ацевска е втора во сениорска конкуренција на светската ранг-листа во џиу џицу во дисциплината џиу џицу фајтинг.
Скокот на ранг-листата се должи на освојувањето на златниот медал на Гранд при Џенова опен.
На првата позиција е Швеѓанката Ема Лете со 1286,25 поени, пред Ацевска со 817,50 и Ања Гурецке од Германија со 811,25.

„Голема радост за мене како тренер на Кате. После освоениот златен медал и одвоените бодови во Италија, од денес Кате е втора во светот!
Во 2026 и 2027 година ќе го напаѓаме првото место и се надевам дека најдоцна до 2028 Кате ќе биде прва со оглед на големата бодовна разлика што во моментов ја има Швеѓанката“, вели на Фејсбук нејзниот тренер и татко Александар Ацевски.



