Бронзен медал за женскиот кумите тим на Македонија на Балканското првенство
Во првото коло загубија од Србија со резултат 1-2, а во репасажот ја победија репрезентацијата на Словенија со резултат 2-0.

На Балканското првенство за сениори што се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина, женскиот кумите тим во состав: Викторија Јовановски, Јована Мицовска и Рудина Алиу го освои бронзениот медал.
Во првото коло загубија од Србија со резултат 1-2, а во репасажот ја победија репрезентацијата на Словенија со резултат 2-0. Победата против Србија ја извојува Јована Мицовска, а против Словенија победија Викторија Јовановски и Рудина Алиу. Во составот на кумите тимот како четврата натпреварувачка беше Наталија Карова.
Ова е трет бронзен медал за Македонија на Балканското, откако вчера Јована Мицовска и Викоторија Јовановска освоија две бронзи.

Резултати
Македонија – Србија 1-2
Репасаж за бронза
Македонија – Словенија 2-0
Мажи
Македонија – Босна и Херцеговина 1-4



