Заборски и Спасеновски спречени од судиите за полуфинале и четвртфинале на Премиер лигата во Анталија

Петар Заборски е во осумте најдобри каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Анталија, Турција, откако во четвртфиналето загуби од Абилмансур Батиргали од Казахстан 0-2. Петар Спасеновски е втор во седмата група во категоријата до 84 килограми.

И двајцата каратисти на Макпетрол се оштетени, а тоа ги чинеше пласман во полуфиналето и четвртфиналето.

Претходно Заборски извојува три победи во петтата група и го освои првото место. Неговиот противник не се пласира во финалето. Во вкупниот пласман е седми.

Спасеновски две борби доби со прв освоен поен при резултат 3-3, а во третата со каратистот од Азербејџан е оштетен од судиите, па така заврши втор во групата, зад Хасанов, и не ги продолжи борбите. Петар прикажал добри борби.

Резултати:

-75 кг

Група 5
Петар Заборски – Тијаго Дуарте (Португалија) 1-0
Петар Заборски – Мичел Дурам (Австралија) 2-1
Петар Заборски – Даниеле де Виво (Италија) 0-0

Четвртфинале
Петар Заборски – Абилмансур Батиргали (Казахстан) 0-2

-84 кг

Група 7
Петар Спасеновски – Андрин Маркез (Франција) 3-3
Петар Спасеновски – Гонкало Фреитас (Португалија) 3-3
Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербејџан) 1-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО