Ален Рустемовски е во финалето на „Белградски победник“

Ален Рустемовски е во финалето на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“

Рустемовски во полуфиналето славеше против Шпанецот Габриел Ескобар 5-0 (30-27, 29-28, 29-28, 30-27, 29-28).

Ескобар исклучително силен боксер кој има медали од Европските игри во Минск 2019 година (воедно и ЕП) – златен, ЕП во Ваљадолид, Шпанија, во 2018 година, Медитеранските игри 2018 во Тарагона, Странџа купот 2018 во Софија.

Во финалето во недела од 17 часот Ален ќе се бори со рускиот репрезентативец Едуард Савин кој славеше пторив Хамаруи Лунес од Франција so 4-1.

Рустемовски ќе има многу тежок противник, но еден од тие беше и Ескобар.

Турнирот е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград.

Мината година Рустемовски го освои 3-то место, а оваа година цели да биде победник.

Резултати – Белградски победник:

57 кг
Полуфинале
Ален Рустемовски – Габриел Ескобар (Шпанија) 5-0

Финале

Ален Рустемовски – Едуард Савин (Русија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО