Заборски и Радичевска ќе се борат за златни, а Стефановска за бронзен медал на универзитетското ЕП

Голем успех на македонската универзитетска карате репрезентација на Европско универзитетско првенство во Коимбра, Португалија, Петар Заборски (-75 кг) и Сара Радичевска (-50 кг) утре ќе се борат за златен медал, а Наташа Стефановска за бронзен.

 

Каратистите на скопски Макпетрол се претставија во одлично светло и се на прагот да го направат најголемиот успех на македонските студенти.

Единствениот наш претставник во кати Ферри Исиќ (Вардар) првото коло го помина со победа од 5-0, а во второто загуби 2-3, при што неговиот ривал не влезе во финалето и не му овозможи репасаж.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО