Арбреша Реџепи поразена во репасажот на Младинскиот олимписки фестивал

На Арбреша Реџепи (-48 кг) и се пружи шанса за настап во репасажот и можноста да се бори за бронзениот медал на Малдинскиот олимписки фестивал во Ѓер, Унгарија, бидејќи Турчинката Зелиха Џинџи се пласира во финалната група во борбата за медали, но не ја искористи до крај.

Реџепи беше слободна во првата борба, а во втората се сретна со Пауалина Шлачта од Полска и загуби со еден ипон.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО