Арбреша Реџепи чека шанса за репасаж на Младинскиот олимписки фетсивал во Ѓер

На Младинскиот олимписки фестивал во Ѓер-Унгарија, нашата репрезентативка во џудо Арбреша Реџепи (-48 кг) забележа победа со ипон во првото коло против Нуне Азарјан од Ерменија, а во второто е поразена од Зелиха Џинџи од Турција,  исто така со ипон.

Реџепи има шанси да се бори во репасажот ако нејзината противничка се пласира во финалето.

Хамза Јашари (-66 кг)со ипон и вазари претрпе пораз од Италијанецот Едоардо Мела во првото коло, а Еди Шерифовски (-76 кг) се уште не настапил.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО