За торба компири ќе го исфрлеа од УФЦ

Сагата за ослободување и потоа враќањето на Отаман Азаjтар во УФЦ доби нов, дури и поапсурден развој.

Според неговиот менаџер Али Абделазиз, скандалот се случил заради вреќа компири. Азаjтар требаше да се бори со Мет Фревола на УФЦ 257, но мечот пропадна бидејќи борецот беше обвинет за кршење на правилата за изолација во „балонот“ во Абу Даби пред официјалното мерење. Според Дана Вајт, штабот на 31-годишниот Германец дал белегзија за пристап на надворешно лице кое влегло во хотелот со торба со непозната содржина. Потоа човекот „прескокнал балкони, влегол во неговата соба, ја оставил торбата, ја сменил облеката и побегнал“. Како резултат на тоа, Азајтар беше ослободен од УФЦ, но еден месец подоцна беше вратен.

На прашањето што има во вреќата, Абделазиз одговори категорично: „Компири. Во вреќата имаше компири“.

Вистина или не, ова во моментов е единствената информација за случајот. Менаџерот инсистирал на тоа дека неговиот клиент не бил ослободен, туку бил предмет на истрага.

„Тој не ја изгуби работата. На крајот, тоа беше како истрага. Дана малку претера. Тој е одлично дете, сите го сакаат, а исто така и луѓето од УФЦ. Интервенираа некои луѓе, Дана. Погледнете, кога Дана Вајт прави нешто, тоа е сериозно. Но, на крајот сфатија дека нема проблем и дека Отаман заслужува втора шанса“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО