За малку Македонија ќе се запишеше во историјата на Светското првенство во таеквондо

Ако пред некое време прикрпевме екипа за настап на некое големо натпреварување во таеквондо и се молевме на Господ да не заработат некоја тешка повреда, сега во овој олимписки спорт ипсраќаме момци и девојкикои се може да се вмешаат во борбата за медал. Така на Светското првенство во Мују, Јужна Кореа, Петра Матијашевиќ стигна до четврфиналето, во борба за полуфиналето. За жал, на сите нас, по трите победи Петра минимално загуби 8-9 и по историскиот бронзен медал од Европското првенство не успеа да се закити со медал и од Светското.

Освен тоа, јуниорите Филип Додевски и Дејан Георгиевски дадоа се од себе. Филип забележа една победа, а недоволно оправениот од повредата Дејан забележа пораз. И Марко Стевиќ забележа една победа.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО