За Државното првенство кик бокс првенство се пријавени 177 натпреварувачи

Утре се одржува Државното превнство во кик бокс во организација на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) во сите возрасни категории и во сите дисципли: на татами поинт фајт, лајт контакт и кик лајт; на ринг фул контакт, лоу кик и К1. Првенството ќе се одржи во Скопје салата во Автокоманда на РК Металург, со  почеток во 11 часот.

За Државното првенство се пријавени 177 натпреварувачи од 24 кик бокс клубови од Македонија.

Според годишниот натпреварувачки календар на светската ВАКО федерација сите европски и светски кик бокс првенства и купови се закажани за втората половина на 2018 година, па од таа причина сите државни кик бокс првенства КБФМ ќе ги организира во првата половина на 2018-та, почнувајќи од февруари.

Возрасни категории на спортисти:
дисциплини на татами
– деца (6-7 години) и деца (8-9 години)
– помлади кадети (10-12 години),
– постари кадети (13-15 години),
– јуниори (16-18 години),
– сениори (со полни 18 и над 18 години)
дисциплини во ринг
– помлади јуниори (15 и 16 години),
– постари јуниори (17 и 18 години)
– сениори (со полни 18 и над 18 години).

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО