WSB: Французите подобри од Британците, Кубанците ги згазија Колумбијците (ВИДЕО)

Во втората средба од европската група на WSB/СБС, Французите во Париз со 3-2 ги совлдаа Бритиш Лајонхарст.

Гостите се средбата ја отворија со изненадувачкиот пораз на Галал Јафаи 3- 0 од Самуела Кармоне во полумува.

Потоа европскиот шампион Питер Мек Греил го загуби мечот во бонтам категорија со мнозинска одлука на судиите против Самуел Кистохари.

Низар Тримех во средна против Еумар Марсијал и донесе на Ростерсите недостижна предност.

Прекуокенаското засилување на Лајонратсите, 22-годишниот тешкаш од Нов Зеланд Дејвид Њика дојде на 3-0 во WSB совладувајќи го со едногласна одлука на Бугаринот Кристијан Димитров и го ублажи поразот на Британците.

Во Фиренца Италија Тандер со 3-2 ги победи Хрватскиот Витези.

Во Хавана двократните шампиони на Куба Домадорес ја прегазија Колумбија Хероикос со 5-0.

Победи за кубанскиот тим постигна Демијан Арсе Дуарте, двократниот олимписки шампион Робиси Рамирез, златниот од Рио Арлен Лопез и актуелените светски прваци Енди Круз Гомез и Ерисланди Савон.

Лопез и Саво славеа со прекин.

Во следното коло од групата Б на 16 февруари Италија Тандр се бори со Франција Ростерс, додека Хрватските Витези и гостуваат на Британските Лајонхартси.

https://www.facebook.com/WSB.Boxing/videos/10157083166684829/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО