ВСОФ организира пресметка на браќа: „Ова ќе ја расплака нашата мајка“!

Ben i Carlos Fodor

Кога ќе помислите дека сте виделе се, тогаш организацијата со која претседава легендарниот Реј Сефо ќе ве шокира со организирањето на средба во која на 30 јуни ќе се борат два брата.

Ова не е прв случај на ММА борба меѓу двајца браќа, но мечот во кој ќе се соочат Бен Фодор – Феникс Џонс и Карлос Фодор е пример на кој не сме го виделе во водечките

промоции, а Светската серија на борбите сигурно е тоа.

Бен, помладиот од браќата, во моментов е во сооднос од шест победи, еден пораз и една нерешена борба. Вниманието на медиумите го привлече надвор од кафезот, претставувајќи се како борец против криминалот кој го одржува редот на улиците во Сиетл, а оттаму му доаѓа и прекарот „Феникс Џонс“. Единствениот пораз во кариерата го доживеа во ВСОФ/WSOF дебито, кога со едногласна одлука беше совладан од Емануел Вало.

Нешто поискусниот и пет години постариот Карлос кој во текот на неговата кариера постигна 10 победи и пет порази, а покрај ВСОФ настапуваше и за УФЦ, Страјкфорс и ОНЕ ФЦ. И тој, исто како и неговиот брат, е поразен во своето деби за промоцијата во која настапува и денес.

Инаку, браќата не се во најдобри односи, а во последно време се повеќе се избегнуваат.

„Ова ќе ја расплака нашата мајка, тоа ви го гарантирам, но ние двајцата со години се разминуваме и ова беше неизбежно“, рече Бен Фодор за Јаху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО