Врвна цел на Македонската таеквондо федерација во 2021-та е олимписка норма

Македонската таеквондо федерација денска го одржа годишното Собрание на кое беа донесени повеќе одлуки и зцртани целите за 2021 година.

Како врвна цел МТФ во годишниот план за 2021 година зацрта обезбедување на олимписки норми за Олимписките игри во Токио 2021 година. Потоа, учество и обезбедување висок пласман на Европското сениорско првенство, Светското јуниорско првенство, Европско првенство во У-21, Европското и Светското кадетско првенство.

Како една од приоритетните цели и е омасовувањето на таеквондо спортот во Македонија.

Претседателот на МТФ д-р Борче Костовски презентираше отчет сработеното во 2020 година, при што истакна дека полека но сигурно македонското олимписко таеквондо согласно своите резултати станува носечки спорт во Македонија.

„Панот за работа во 2021 година е уште посериозен и цели кон продолжување на континуитетот за остварување на највисоки спортски резултати кои македонската таеквондо репрезентација во неколку наврати покажа дека не се само неостварливи желби, напротив, тие се реалност и цврст вграден дел од македонската спортска историја“, исткана Костовски.

Собранието заеде став и донесе одлука дека во првиот квартал на 2021 година МТФ ќе отвори можност за прием на нови таеквондо клубови како официјални членки на федерацијата.

Собранието донесе одлука на нашиот репрезентативец и голема олимписка надеж Дејан Георгиевски, кој годинава го донесе највисокиот пласман во индивидуалните спортови на ниво на држава (сребрен медал на сениорското Европско првенство во олимписки спорт) да доби еднократна парична награда од 120.000 денари, покрај ваучерот за 2020 година кој му носи 420.000 денари.

На годишното клупско рангирање согласно правилниците за бодување на МТФ акламативн е усвоено рангирањето и награрдени со одередена парична сума:

  1. ТК Бутел 150.000 денари
  2. ТК Тигри 105.000 денари
  3. ТК Кобра 105.000 денари
  4. ТК Борец 70.000 денари
  5. ТК Годел 70.000 денари
  6. ТК Корио 50.000 денари
  7. ТК Илинден 50.000 денари
  8. ТК Хваранг фист Охрид 50.000 денари
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО