Вренези ги објави кандидатите за Светското првенство во Лас Вегас!

Lulzim vrenezi vo mok

Денес селекторот на репрезентацијата во борење слободен стил, Лулзим Вренези, до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) испрати извештај со кој јаизвестува за подготовките на репрезентативците за Светското првенство во борење што ќе се одржи во Лас Вегас, САД.

Подготовките ќе се одвиваат во три фази. Првата ќе се одржи во Скопје, почнувајќи од понеделник, собирајќи се во хотелот ВИП во 17:00 часот, а тренингот ќе се одржи два часа подоцна, во спортската сала „Ментаз Алајбегу“ (БК Лирија).

Во рамките на првата подготвителна фаза, повикани се следните борачи: Елмедин Сејфулау, Иван Јанев, Николче Петров, Јасин Реџалари, Дејан Митров, Бесмир Весели, Халил Зубаиров, Дејан Богданов, Бобан Данов и Тимур Хамикоев.

Втората фаза треба продолжи во Бугарија, додека третата и последна фаза, се очекува да биде во САД.

„Очекуваме патувањето во САД, да биде што е можно порано, се со цел што подобро да се адаптираат на нашите борачи. Сето ова, се очекува да се реализира во соработа со Македонскиот олимписки комитет“, се вели во дописот на Вренези до ФБСМ.

Претседателот на Стручниот совет, Славчо Тодоров, во пресрет на вонредното Собрание на ФБСМ, вели дека во идниот состав на Федерацијата се откажува од оваа функција, бидејќи многу работи само поминале преку него без да биде консултиран, како дел од системот на ФБСМ. Тој истакнува дека била прескокната хиерархијата, однонсо имало многу солирање.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО