Френк Ворен, промотор на Тајсон Фјури, откри дека третиот меч меѓу британскиот боксер и Дионтеј Вајлдер ќе се одржи во јули, но, веројатно не во Велика Британија.
„Дионтеј сè уште не ја активирал клаузулата во неговиот договор за реванш, но тој јасно стави до знаење дека наскоро ќе го стори тоа. Не се сомневам.”, рече Ворен, додавајќи:
„Ако имаше реванш, би сакал да биде во Велика Британија, но во моментов е планиран за Лас Вегас во јули“.