Ворен: Џошуа направи огромна грешка кога одби 75 милиони долари за броба со Вајлдер

Промоторот на Тајсон Фјури, Френк Ворен, во колумна за Дејли стар напиша дека Ентони Џошуа направи голема грешка кога ја одби понудата Дионтеј Вајлдер.

Откако тимот на Џошуа јан испрати првата понуда за меч за неприкосновен првак Вајлдер рече дека тоа не е доволно. Британцот одговори дека ако Вајлдер му понуди 50 милиони долари, веднаш ќе се согласи на борба. Кога американскиот тим испрати понуда во тој износ за борба во Америка, Џошуа се повлече.

„Ентони Џошуа направи голема грешка кога минатата година одби повеќе од 75 милиони евра за две борби со Дионтеј Вајлдер“, напиша 66-годишниот промотер.

„Сега ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО првакот љубоморно ќе гледа во грбот на Тајсон Фјури. Продолжуваат преговорите за реваншот на Фјури со ВБЦ шампионот Вајлдер за подоцна оваа година, а промоторот на Џошуа Еди Херн зафатен со испраќањето она што јас би го нарекол потсмевачка понуда и на двајцата“.

„ И Дилиен Вајт  го дигна носот на парите што му ги понудија за борба на Вембли на 13 април. Затоа Џошуатреба да ги преиспита своите одлуки или одлуките на неговиот тим“.

„Понудено му е 38 милиони фунти за Вајлдер во Америка и му се гарантирани 23 милиони за реваншот. Постојат некои тврдења кои велат дека не можел да потпише поради некои договорни пречки. Но, можеби требаше да побара од својот промотор да ја изедначи нивната понуда“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON