Ворен: Џошуа е најголемиот губитник од мечот Вајлдер-Фјури

Дионтеј Вајлдер вечерва ќе го брани појасот во тешка категорија на ВБЦ против Тајсон Фјури. Ова е еден најголемиот боксерски дуели годинава, а промоторот Фјури, Френк Ворен тврди дека без разлика на епилогот од мечот, најголем губинтник ќе биде најголемата ѕвезда во тешка категорија, Ентони Џошуа.

Многумина сметаат дека Џошуа го избегнувал дуелот со Вајлдер кој на крајот прифати борба со поранешниот шампион Тајсон Фјури.

Ворен тврди дека победникот од овој дуел ќе биде светски број еден без разлика на тоа што Џошуа ги има крај себе преостанатите четири титули.

„Кој и да победи, тој е светски број еден. Џошуа се зафркна во овој случај и сите знаеме дека негова наредна борба ќе биде против Дилиен Вајт, ако го совлада Дерек Чисора. Тој е најголем губитник во оваа борба, бидејќи Вајлдер ако загуби има можност за реванш, па Ентони може да остане без борба за овој толку посакуван појас до 2020 година. Што и да мисли во моментов Тајсон Фјури е роден за борба. По две борби од неговото враќање во рингот, веднаш побара дуел против најдобриот ударач во светот. Поради тоа мора да му симне капа“, истакна Ворен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON