Вајлдер 20 килограми полесен од Фјури (ВИДЕО)

Во Лос Анџелес се одржа мерењето за борбата за титулата во тешка категорија меѓу Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО) и Тајсон Фјури (27-0, 9 КО).

33-годишниот Американец во осмата одбрана на титулата на ВБЦ ќе влезе со само 96,4 килограми. Полесен беше само во своето деби во 2008 година.

„Кралот на Циганите“ имаше 116,3 килограми, слично како во последната борба.

За последната борбаа со Луис Ортиз во март Вајлдер имаше 97 килограми, додека Фјури за Франческо Пианета во август беше 117 килограми.

Вајлдер и Фјури на крајот не направија класично соочување лице в лице, туку обезбедувањето од сценатата ги насочи спрема различни излези.

Во воведниот дел на настанот, Луис Ортиз (29-1-2НЦ, 25 КО) боксира со Тревис Кауфман (32-2, 23 КО). 39-годишниот Кубанец тежи 109,3, а шест години помладиот Американец 103,9 кг.

Џо Џојс (6-0, 6 КО) со 118,8 килограми влегува во мечот со Џо Хенкс (23-2, 15 КО), кој имаше 112,3.

Џарет Хард (22-0, 15 КО) ги брани ВБА, ИБФ и ИБО титулите во категоријата до 70 килограми против Британецот Џејсон Велборн (24-6, 7 КО).

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО