Вондерлеј Силва:Никогаш не сум дал позитивен допинг тест, а сакаат да ме исфрлат од ММА

Vonderlej silva so kapce

Спортската комисија на Невада доби многу критики, откако одлучи да го суспендира Ник Дијаз на 5 години поради употреба на марихуана. Различни луѓе, од натпреварувачката Ронда Русеј до поп иконата Шер,го  поддржаа Дијаз, а сега е ред и на Вондерлеј Силваi да се вклучи.

Силва ја користи поддршката на Дијаз за да го насочи вниманието на луѓето спрема сопстевното искуство со Комисијата. „The Axe Murderer“ имаше доживотна забрана да се натпреварува, која веќе е укината и сега се очекува да се сретне со Комисијата, за да разговара за неговата иднина во спортот.

Во следново видео Силва вели дека никогаш не давл позитивен допинг тест и секогаш бил чист.

„Никогаш не сум дал позитивен допинг тест, за што и да е. Секогаш сум бил чист борец, а сега тие сакаат да ме исфрлат од спортот. Како се случуваат овие работи“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО