Волков влегува нешто потежок за мечот со Аспинал (ВИДЕО)

Александар Волков и Том Аспинал го предводат настанот УФЦ Фајт најт 204 што ќе се одржи вечрва во лондонската О2 арена.

Рускиот борец влегува во тешка категорија нешто потежок од неговиот противник. Волков тежи 114,7 килограми, додека Аспинал 114,3 кг.

Во коглавната борба Арнолд Ален се бори со Ден Хукер. На мерењето, Ален тежеше 66,2, додека Хукер тежеше 65,8 кг.

Воведните борби започнуваат во 18 часот, а главната програма започнува во 21 часот.

Распоред на УФЦ Фајт најт 204:
Александар Волков – Том Аспинал
Арнолд Ален – Ден Хукер
Педи Пимблт – Казула Варгас
Гунар Нелсон – Такаши Сато
Каролина Луана – Моли МекКен
Џаи Херберт – Илија Топурија
Амирхани Макван – Мајк Гранди
Шамил Абдурахимов (258) – Сергеј Павлович
Пол Крег – Никита Крилов
Џек Шор – Тимур Валиев
Кори Мекена – Елиза Рид
Коди Дурден – Мухамед Мокаев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО