Волкановски во утринските часови го брани шампионскиот појас против Родригез

Борбата за титулата во перо категорија меѓу шампионот Александар Волкановски и Јаир Родригез е насловна на настанот УФЦ 290 вечерва спрема недела (околу 6 часот по македонско време) во Т-Мобиле Арената во Лас Вегас.

И двајцата борци успешно ја минаа мерењето, а шампионот во мечот влегува за неколку грама полесен од Родригез (65,77 кг).

Конасловниот меч ќе биде и пресметка за титулата со шампионот во мува категорија Брендон Морено кој го брани појасот против Александар Пантоја.

Двајцата пристигнаа на вагање со иста тежина – 56,7 килограми.

Главниот дел од шоуто ќе содржи и битки меѓу Роберт Витакер и Дрикус ду Плесис, Џалин Тарнер и Ден Хукер и Бо Никал и Вал Вудбурн.

А на крајот од воведниот дел од програмата, Роби Лоулер го има последниот меч во кариерата. Поранешниот шампион во полусредна категорија најави дека по борбата против Нико Прајс ќе објави крај на кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО