Волкановски: Судијата му дозволи на Гане да го удри Переира во тилот (ВИДЕО)

Шампионот во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, рече дека судијата Херб Дин требало повеќе да интервенира за време на борбата на УФЦ Фридом 250 помеѓу Сирил Гане и Алекс Переира, кога Французинот му удираше удари во задниот дел од главата на Бразилецот.
„Овие работи се случуваат во борбите. Го потресуваш противникот, одиш на убивање – вакви работи се неизбежни затоа што се обидуваш да ја завршиш борбата и едноставно продолжуваш. Не велам дека Гане намерно го направил тоа, но мислам дека судијата требаше да биде попроактивен. Херб, човече, те сакам, но мислам дека требаше да бидеш попроактивен. „Не го удирај во задниот дел од главата“.
Се сеќавам дека по тие удари го погледнав по неколку пати видеото, а тој не рече ништо. Помислив: „Што се случува?“ Тој дури и не го предупреди борецот да внимава на задниот дел од главата. И Гане продолжи да удира, гледајќи го судијата. Сериозно, помина долго време и се случија многу удирања одзади.
И тоа навистина вреди да се спомене. Ова не е обид да се омаловажат достигнувањата на Гане, но ако Херб го предупредеше, можеби ќе сфатеѓе: „О, не сфатив дека го удирам вп тилот“ и ќе почнеше подобро да ги темпира ударите.
Можеше ли исходот да биде поинаков? Можеби. Переира правеше сè што можеше за да се опорави. Тој веќе се опоравуваше сè додека не следеа низа други удари. Веќе објаснив каде мислам дека паднаа. Потоа тој се затетеруваше и повторно се затетеруваше. Кога ќе нанесете директни удари во таа област, многу е тешко да се опоравите.
Тешка е ситуација. Не сакам да омаловажувам, но имаше многу удари во задниот дел од главата. Ако некој што не ми се допаѓаше го направеше тоа, ќе бев многу построг. „Имаше многу од нив – мислам дека беа повеќе од 10.
Кога ја гледате борбата во живо, тоа е многу забележливо. Многу забележливо. Мораме да зборуваме за тоа. И зборуваме за тоа. Ако Переира побара од луѓето да зборуваат за тоа, јас ќе зборувам за тоа. Не ги омаловажувам достигнувањата на Гане, но оваа епизода бара сериозна дискусија бидејќи изгледаше доста лошо“, рече Волкановски во видео на својот Јутјуб канал.



