Волкановски: Со Холовеј ќе има војна за титулата

Александар Волкановски се кандидира за меч за титулата на УФЦ во перо категорија и е подготвен да се сретне со суперѕвездата Макс Холовеј. Македонскиот Австралиец ја забележа најголемата победа во неговата кариера, славејќи на поени со Жозе Алдо во Рио де Жанеиро.

„Макс Холовеј ќе оди само напред. Точно како мене. Ќе биде подготвен за војна. Очекувајте петрунден спектакл“, рече Волкановски.

Тој додаде дека е подготвен да се бори дури и привремена титула, ако Холавеј продолжи долго да ги лекува повредите од бруталната битка со Дастин Пориер.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=K2QGulaLRYM
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО