Волкановски се подготвува да го стави Ортега под притисок

Светскиот шампион на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски (22-1) ќе се обиде да направи притисок врз предизвикувачот Брајан Ортега (15-1-1) од првата секунда од нивниот меч. Тие ќе се соочат на гала вечерта на УФЦ 266 што ќе се одржи во сабота спроти недела во Лас Вегас.

„Големиот“, како што е познат Волкановски, ги предупреди фановите да очекуваат спектакл. Тој е убеден дека ќе го скрши противникот, бидејќи видел во досегашните средби дека не може да го издржи притисокот.

„Видов пробиви во однесувањето на Ортега. Бев со него во најновото издание на „The Ultimate Fighter“ и успеав да сфатам многу работи за неговата психа. Дефинитивно е слаб под притисок и ќе го користам токму тоа. Ќе скршам нешто“, се закани шампионот.

Волкановски се надева дека по победата над Ортега ќе може да направи трет меч со Макс Холовеј (22-6). Забележа две победи над „Благословениот“, но вториот беше доста контроверзен и многу фанови веруваат дека победата требало да му припадне на Холовеј.

„Нема проблем повторно да се сретнеме. Макс го прави она што се бара од него во улога на предизвикувач. Тој е активен и дефинитивно го сака овој трет меч. Така, ќе бидам среќен да му обезбедам уште еден пораз во активата“, рече Австралиецот со македонско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО