Шевченко тренира со шампионот Морено за борбата со Марфи (ВИДЕО)

Светскиот шампион во лесна категорија на УФЦ, Валентина Шевченко (21-3) најде многу интересна опција да се подготви за мечот со Лорен Марфи (15-4). Триесет и тригодишната ѕвезда од Киргистан ќе го брани појасот викендов како коглавен меч на настанот предводен од австралиско-македоснкиот борец Александар Волкановски и Брајан Ортега во Лас Вегас.

За да биде во што подобра форма, Шевченко одржа спаринг средби и сериозен дел од нејзините активности беа во друштво на Брендон Морено. Објавено видео кое ја промовира претстојната битка ги покажува прилично тешките удари што ги разменија двајцата светски шампиони.

Морено, кој во јуни оваа година ја освои титулата против Дејвис Фигередо во лесна категорија, не штедеше сили во спарингот. Напротив, дури и „ја зголемуваше температурата“ на Шевченко, што, сепак, во ниту еден момент не му отстапи.

Дали ова ќе даде резултат за претстојниот меч на шампионката со Марфи, останува да видиме. Меѓутоа, од прикажаното, можеме да кажеме дека кандидатот треба да има сериозни грижи пред битката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО