Волкановски покажа како се приготвуваат крилца по македонски, а печените пипреки му се омилени (ВИДЕО)

Австралиско-македонскиот УФЦ шампион Александар Волкановски продолжува да импресионира со своите кулинарски вештини.

ММА ѕвездата им покажа на своите фанови како готви типични македонски крилца и гарнири на неговиот канал на Јутјуб.

Тој неодамна ја претстави својата нова серија „Готвење со Волк“.

Неговото мени овој пат вклучува рецепти типични за македонската кујна, како печена пиперка и компир салата, со која ја украсува скарата.

„Печени пиперки – ова е моето омилено македонско јадење“, вели Александар.

Волкановски демонстрира завидни вештини за готвење и дефинитивно нема да остане гладен, дури и ако неговата кариера во УФЦ заврши ненадејно.

Тој ја избра популарната поза на турскиот готвач Нусрет Гокче за насловна страница на неговото видео. Славниот месар се здоби со огромна популарност во 2017 година, кога видеото во кое посипува сол на стек стана хит на Интернет.

Веројатно Волкановски не готви на негово ниво, но тоа го прави со љубов и тоа се гледа од видеата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО