Волкановски: Не сакав да чекам реванш со Махачев до октомври

Шампионот на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски изјави дека има понуда за итен реванш со Ислам Махачев.

„Големиот“ требаше да почека до октомври кога УФЦ се враќа во Абу Даби. Реваншот меѓу него и Ислам ќе беше главна борба, но Волкановски ја одби понудата. Причината лежи во тоа што перо категоријата има привремен шампион, а тоа е Јаир Родригез.

Александар очигледно не сакал да го чека Родригез и поради тоа ја одбил понудата на УФЦ. Волкановкси и Родригез ги обединуваат титулите на УФЦ 290, кој ќе се одржи во јули во Лас Вегас. Битката меѓу нив ќе биде врв на гала вечерта.

„Сакам да останам активен и веќе зборував за тоа. Ме прашаа по борбата со Махачев дали сакам да чекам реванш или борба во перо категорија. Не сакав да чекам.

Ми рекоа дека ако чекам реванш, тоа нема да се случи до крајот на годината. Изгледаше дека тоа нема да се случи наскоро. Затоа избрав да се борам во перо категорија“, изјави Волкановски на својот канал на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО