Волкановски му фрли ракавица на Царукјан

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, изјави дека е подготвен да се соочи со Арман Царукјан доколку Ерменецот навистина може да ги намали килограмите во пониска дивизија.
Во интервју за „Шоуто на Ариел Хелвани“, Австралијанецот со македонско потекло нагласи дека ваквите предизвици се важни за неговото наследство во спортот.
„Сакам да се тестирам себеси. Ако навистина може да падне во перо категорија, тоа би бил голем тест. Истото важи и за Мовсар Евлоев. Би сакал да се борам со него затоа што момци како Мовсар – непоразени – се важни за наследството“, рече Волкановски.
Тој именуваше неколку други имиња што ги смета за сериозни соперници.
„Мовсар Евлоев, Лерон Марфи – тие имаат одлични скорови. И ако Арманд падне, ќе биде интересно. Мислам дека мојата одбрана од соборување е доста добра, па ќе биде забавно“, додаде шампионот.
Овој викенд, Волкановски ќе го брани појасот против Диего Лопез во главниот настан на УФЦ 325 во Сиднеј, Австралија. Тие веќе еднаш се сретнаа минатата година, кога Австралијанецот излезе како победник.



