Волкановски ќе прати порака со нокаут над Холовеј

Неспорниот шампион на УФЦ во перолесна категорија, Александар Волкановски, ќе ја брани титулата против поранешниот шампион Макс Холовеј на УФЦ 251 на 11 јули на островот Јас во Абу Даби.

31-годишниот шампион има скор од 21-1 во ММА и е во серија од 18 последователни победи. „Александар Велики“ сè уште нема пораз во УФЦ, а во ММА повеќе од 7 години.

На крајот на минатата година, Волканковски успеа да ја освои титулата, откако 25 минути доминираше над Холовеј. Александар победи со одлука на судиите (48-47, 48-47, 50-45), но имаше поделени коментари, па сега сака доминацијата да ја засили со нокаут:

„Ова е реванш и имам што да докажам. Оваа битка е повеќе од едноставна победа. Не сакам да влезам во кафезот и само да го победам. Веќе го направив тоа еднаш. Издоминирав во пет рунди во првата битка, но и покрај тоа му дадоа реванш. Луѓето брзо забораваат како го направив тоа.

Имаше многу поделени коментари, мислења и сè друго. Малку сум загрижен и чувствувам дека нема доволно почит спрема мене. Овој пат имам нешто да докажам. Овој пат ќе го завршам во тие пет рунди. Гарантирам дека ќе го завршам и ќе испратам порака“, рече автралиско-македонскиот шампион Волкановски.

https://www.instagram.com/p/CBU-xZughbK/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CBSZv-tAw9n/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON