Протекоа астрономски суми: Еве колку би можеле да заработат Фјури и Џошуа во меѓусебната средба

Ако сè оди според планот, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ги чека богата награда…

Откако во средата беше објавено дека е направен голем исчекор во преговорите за мечот меѓу светските шампиони во бокс, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, во медиумите се појавија и првите конкретни бројки за нивните потенцијални хнорари.

Иако некои работи сè уште се далеку од официјални, промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, во средата откри дека и двајцата боксери се согласиле на два меча, но и дека е договрена и финансиската страна.

Потоа и од промоторот на Фјури, Френк Ворен, добивме уште неколку детали. Имено, разговарајќи со ЕСПН откри дека е договорена распределба на парита 50-50.

„Отсекогаш во игра беа 50-50 и реваншот. Освен тоа, ништо друго не е договорено и договорот не е потпишан. Вајлдер треба да биде следниот на ред за Фјури. Таму некаде на крајот на годината, освен ако нешто не го спречи тоа”, објаснува Ворен. .

Славниот промотор се фрли и на конкретни бројки:

„Се надевам дека борбата со Џошуа навистина ќе се случи. Што се однесува до мене, би сакал да биде можна уште оваа година. Двајцата би можеле да добијат од 60 до 70 милиони долари поединечно за само една борба. И двојно повеќе ако дојдеме до реванш”.

Пред да се развие  до самиот крај оваа приказна, Фјури ќе мора да ја брани титулата на ВБЦ во третата средба со Дионтеј Вајлдер, а потоа, веројатно, да го направи истото и во мечот со задолжителниот предизвикувач Дилиен Вајт.

Од друга страна, ВБО, ВБА, ИБО и ИБФ шампионот го чека борба со Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО